Кратки совети за поефективно вежбање

Кога за прв пат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма и изведба на вежбите е најважна за да може да ги видите резултатите.

Повеќето луѓе мислат дека колку повеќе ќе даваат напор при вежбањето нивните мускули ќе растат и ќе ги добијат посакуваните резултати побрзо. ПОГРЕШНО!

Морате да ја сватите важноста на позиционирање на телото, дишењето, контрола на телото и вежбите, брзината при извршување на вежбите и умствените мускулните врски (битен момент за кој во некоја од наредните препораки ќе обврнам повеќе внимание да ви ја доловам суштината тука само ќе напоменам еден начин за полесна конекција – Обидете се да направите неколку загревачки сетови (со високи повторувања од 15-20) со средна тежина- Затворете ги очите и концентрирајте се на вашите целни мускули. Концентрирајте се на “стегање” на тежината и пауза за момент во точка на максимална контракција. Ако сте загрижени за трошењето на енергијата пред вашиот тренинг, пробајте кога имате слободен ден.

Еве неколку кратки совети кои што можете уште денес да почнете да ги имплементирате во вашите тренинг рутини:

– Контрола, контролаа — треба да ги контролирате вашите повторување и да ги држите доследни во текот на целиот тренинг-држете се до поставениот план

– Намалете ја брзината и навистина фокусирајте се на мускулот на кој работите. Ова помага при активирањето на повеќе мускулни влакна

– Стегајте (squeeze) го мускулот. Тие неколку секунди стегање навистина прават огромна разлика. Не го прескокнувајте стегањето за полесно и побрзо да ги направите вежбите!!

– Контролирајте го дишењето. Дишењето го одржува притисокот секогаш кога ви е потребно

– Не заборавајте секогаш да ја контролирате вашата форма и навистина да го почувствувате тој burning ефект, и не замафтувајте само со теговите без контрола и притисок кај мускулниот таргет, оставете вашите мускули да ја завршат работата.

Се надевам овие кратки совети ќе ви бидат од помош и ќе ги земете во предвид при наредното вежбање.

За повеќе информации и детали инбокс DM https://www.instagram.com/icebbf/

Share your thoughts