Симптоми во нашето тело кои сигнализираат за недостаток на одредени витамини и минерали

Повеќето симптоми кои ги чуствуваме во нашето тело сигнализираат за одредени промени во телото, а особено и за недостаток на одредени витамини и минерали. Како резултат на таа состојба на недостаток на витамини се јавуваат одредени реакции.

Овојпат ке одвојам:

  • Сува кожа на лице и генерално сува кожа: доколку почувствуваме сувост на нашата кожа тоа е знак за недостаток на витамин и тоа конкретно Е Витамин. Овој проблем со сувост на кожата на лицето и генерално на целата кожа ќе го решиме не само со Е витамински креми, туку многу повеќе со правилна исхрана преку внес на Е витаминот. Е витамин содржат оревите, лешниците и останатите јаткасти плодови, исто така видовите риба кои содржат поголемо количество на масти како што е лососот, крапот, сом, а секако и во растителните масла како кокосовото масло, маслиновото, сусамовото масло.. а и во авокадото.
  • Сува кожа на лактите: сувоста на кожата на лактите преставува јасен знак за недостиг на витамините А и Ц. Жолтото и темно зеленото овошје и зеленчук имаат високо количество на провитамин А. Како моќни извори на Витаминот А се вбројуваат морковот, брокулата, сладок компир, спанаќ, диња, кајсија, грашок.. Додека пак, растенијата се добар извор на Витаминот Ц, иако неговата количина варира кај пооделни видови растенија. Извори на витаминот Ц: шипинка, магдонос, киви, јагода, портокал, лимон, компир, домат..
  • Засилена желба за солено: ваквата состојба сигнализира дека на организмот му е потребен друг дополнителен минерал, односно дека ви недостасува натриум кој е многу важен во одржувањето на нивото на водата во телото, а со тоа и на крвниот притисок. Дневната потреба од натриум за возрасен здрав човек изнесува 4-6г што е соодветно на 10-15г сол. Неполна лажичка готварска сол е доволна да ја задоволи дневната потреба од овој елемент. Меѓутоа, да запомниме, на организмот му е потребен природен, органски натриум, а не готварска сол. Ако во нашата исхрана вметнеме морков, цвекло, овесни снегулки, бел ориз, целер, суво грозје, урми, урда.. значи дека сте внеле органски натриум. Внесот на готварска сол сведете го на неопходниот минимум.
  • Засилена желба за слатко: оваа зголемена потреба за слатко укажува дека сте под стрес, нервна исцрпеност, умор и потребна е брза енергетска прихрана – глукоза, која најверојатно е на ниско ниво. За да го решите овој проблем пијте повеќе вода и јадете свежи салати, а желбата за слатко може да ја ублажите со лажичка мед, темно чоколадо со минимум 70% какао, рогач, стевија и слично.
  • Крварење на непцата: Најчеста причина за болест на непцата е гингивитисот, како и недоволната орална хигиена и пушењето. Причина можат да бидат и недостаток на некои витамини и минерали. Крвавење на устата и непцата често се појавува како резултат на недостаток на витамин Ц. Овој витамин најмногу го има во лукот, кромидот, овошјето (особено портокали) и зеленчукот. Исто така, можете да пиете чај од шипки. За плакнење на непцата направете природен раствор од цимед, мед и лимон или едноставно употребете лажичка сода бикербона за плакнење на устата.
  • Лош сон, раздразливост, грчеви во нозете, малаксаност, аритмија: овие симптоми иницираат на недостиг на магнезиум и калиум. Заедно со натриумот, калциумот и магнезиумот ја оформуваат групата на најважни минерали и електролити. Храна богата со калиум е сокот од портокал, бананите, авокадо, спанаќ, млекото, јагодите, краставица, бадеми, кикирики, печурки, туна, сардини и други видови на риби и месо. Многу битно е при подготовка на храната да не се претерува со готвењето за храната да не ја изгуби вредноста на калиумот кој го содржи во себе, зеченчукот не треба да се вари во големи количества на вода, и исто така да се избегнува преработената храна.
    Додека пак, магнезиумот, кај возрасните луѓе, дневната потреба е 400мг магнезиум за мажи и 300мг за жени. Овој недостаток предизвикува грчеви и болки во мускулите, намален апетит, раздразливост, страв, тахикардија, болки во желудникот. Најбогат со магнезиум е црниот леб, а во доволни количини го има во оревите, хељдата, овесните снегулки, гравот, а најмногу го има во какаото. По висока содржина на магнезиум се познати и јаткастите плодови како бадемот, сончогледот, лененото семе. Овие микроелементи, исто така, се наоѓаат во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

На овој начин, при внес на правилните витамини и минерали во соодветните ситуации ќе влијаеме на подобрување и избегнување на понатамошно соочување со посериозни последици, секако во одредени ситуации кога овие сигнали на нашето тело се јавуваат подолго време потребно е да се консултираме со соодветен доктор.

За повеќе информации и детали инбокс DM
https://www.instagram.com/icebbf/

Share your thoughts