Се што мислев дека не можам да постигнам, со помош на Ице всушност се уверив дека можам. Уште сум на почеток, само 3 недели, но се спрема и втора фаза во која верувам дека со тренер како Ице, ќе има уште подобри резултати. Како за некој кој бил зависен од благо, газирани сокови и разна брза храна, се чудам како следејќи ја програмата не почувствував никаква потреба за истите. Накратко кажано, се што е потребно е доверба во тренерот а најмногу во самиот себе. Ти благодарам Ице за прекрасната грижа за твоите клиенти!

Држев диети и тренирав со години за да дојдам до некоја форма што си ја имав замислено. Ги пробав скоро сите познати диети, диети на Инстаграм инфлуенсери, за на крај да завршам со покачен холестерол, триглицериди, шеќер. За Ице слушнав од девојка која соработуваше со него и постигна големи резултати и решив и јас да пробам. За еден месец, крвната слика се смени во комплетно нормална, а за 3 месеца бев во најдобрата форма! Никогаш не сум изгледала подобро, поздраво и поенергично. Благодарам од срце Ице!

Be part of our awesome community, and transform your body.
Required