Долго време пробував разни диети ама никогаш немав успеано со ниту една од нив. Ниту да ослабам во килограми ниту во сантиметри.
Дознав за Ице,го контактирав и тој ми раскажа за планот по кој работи и за сите детали. Вистински професионалец.
Соработувавме 2 месеци. Првиот месец имав многу подобри резултато од вториот,ама за тоа сум виновна само јас.
Доста грешки правев и не бев најредовна со тренинзите.
Јас и покрај тоа што немам најдобри резултати сум задоволна.
За 2 месеци еве ги моите резултати:
Кг -4,5
Половина -14цм
Колк-10цм
Папок-7цм
Нашата соработка засега застанува тука. Се додека јас не научам дека без истрајност и без напорна работа и откажување од некои задоволства нема успех.
Се надевам дека повторно ќе соработуваме.
Топло го препорачувам Ице на оние кои цврсто ќе решат да сменат нешто во својот живот.
И ви препорачувам да не забушавате и да викате “ајде едно залче од ова не е ништо” или “ајде еден тренинг ако пропуштам не е ништо.”
И тоа едно залче и тој еден изгубен тренинг многу влијаат врз вашиот успех!