Моја цел и мотивација е квалитет, задоволство и видлив напредок кај секој клиент.
Секоја програма доаѓа со најпрво направен информативен разговор и задолжителен прашалник по кој јас работам. Овој прашалник е обемен и детален и ги опфака сите сегменти што ми се потребни, а се од вашиот претходен и сегашен живот.
За соодветна и правилна изработка на твојата програма воедно ке направиш мерење на твоите масти или БМИ (боди мас индекс) кај мене на веб страна има калкулатор за одредување на БМИ, ке измерете срце во мирување и крвен притисок, а јас од сликите ке го утврдам вашиот тип на телото и присутни или отсутни хормони кои се веке изразени на вашиот изглед на телото, . По потреба се прави и крвна слика. Крвната слика е задолжителна доколку имате повеке од 20 вишок килограми. Секако ќе ми бидат потребни слики од вас за утврдување на тип на тело и за понатамошна споредба и работа.
Потоа се утврдува твојот животен стил т.е. програмата се индивидуализира и се прави меал план и тренинг план според твоите потреби и твоето искуство. Според твоите потреби ќе имаш физичка активност/тренинг во домашни услови, теретана, комбинација или било каков отворен или затворен простор.
Го добиваш секој детал потребен за успех. Јас не присуствувам за време на твоите тренинзи, туку добиваш насоки како да се изведува вежбите за време на тренинг. Во оваа насока имаш пристап до видео туторијали за изведба на секоја предвидена вежба во твојта програма.
Програмите се со загарантиран и докажан успех од над 90% доколку се движите по предвиденото и ги почитувате во целост насоките дадени во програмите, како што и самите можете да се уверите од искуствата на моите клиенти по социјалните медиуми и објавените трансформации на главната платформа на која работам Инстаграм https://instagram.com/icebbf?igshid=NzNkNDdiOGI=.