Пред да запичнам имав недоверба и незнаење како би функционирало овој тип на соработка. Но фасцинирана од резултатите кои сите се веродостојни се одлучив да стартувам.
По првиот контакт преку телефон со Ице сватив дека си имам работа со образован професионалец кој не верував дека го има на Македонски простор. Секако човекот се образувал во САД и има преголемо искуство и за наша среќа се вратил во Македонија.
Пред да ми го прати прашалникот за старт во првичниот разговор ме праша за возраст, професија и некои интересни прашања но ниту едно навидум не беше директно поврзано со фитнес. За потоа ми објасни како моите хормони се промениле низ годините и како тоа влијае на квачитетот на живот!
После неколку разговори сватив дека морам да го слушам и да му верувам безрезервно. Резултатите што ги постигнавме се феноменални за мене. Си го средив здравјето и ги намалив килограмите! Има уште работа и ние продолжуваме понатаму.
Интересно е тоа како Ице знае да те мотивира и да ти ја доближи суровата реалност и да ти ја прикаже иднината што сами си ја креираме.
БЛАГОДАРАМ ИЦЕ!