Јас ке речам дека Ице е подобар од многу доктори во нашава држава, ќе речам подобар од сите на кој јас се обратив.

 

Долго време имав проблеми со крвниот притисок и бев на терапија нон стоп. Секој ден таблети за крвен притисок. На прашањето насочено кон докторите дали може да се подобри крвниот притисок и да престанам со терапија, скоро секогаш одговорот беше негативен или многу тешко.

Имам и Хашимото тироидна, нели со тоа сум осудена да се дебелеам.

Крвната слика со нарушени параметри.

Случајно дознав за Ице на работа од една колешка, ми спомна дека на неговиот профил нонстоп има прекрасни објави и дека  сите негови клиенти се презадоволни според објавите на инстаграм. Јас немам инстаграм (малку сум постара и старомодна 🙂). Одкако го заследив и заклучив дека после 5-6 недели тој објавува страшно добри резултати кај неговите клиенти и има постојан континуитет и е многу професионален и дециден јас се одлучив да му се јавам. Да не заборавам дека е многу природен и нормален, приземјен за еден ваков човек, ме изненади.

Кога му се јавив тој трчаше и зборуваше со мене!!! Кој би го правел тоа!! Ми објасни се убаво и детално, зборувавме 20мин, а тој трчаше, тогаш сватив дека ова е тоа што ми треба. Пред се пример, доследен, мотиватор, реален и директен!

Стартувавме за 7 дена и еве ме сега после 4 месеци со намалени 20кг, нема повеке таблети за крвен притисок, тироидната вратена во нормала, а крвната слика прекрасна. Ми го реши проблемот што ме мачеше најмалку деценија, а сите доктори креваа рамења и ми даваа само лекови.

 

Благодарам Ице и те препорачувам на секој со проблеми со килограми, крвен притисок, тироидна. 

Валентина

Strong Testimonials form submission spinner.

Required

What is your full name?
What is your email address?
A headline for your testimonial.
What do you think about us?
rating fields