Се што мислев дека не можам да постигнам, со помош на Ице всушност се уверив дека можам. Уште сум на почеток, само 3 недели, но се спрема и втора фаза во која верувам дека со тренер како Ице, ќе има уште подобри резултати. Како за некој кој бил зависен од благо, газирани сокови и разна брза храна, се чудам како следејќи ја програмата не почувствував никаква потреба за истите. Накратко кажано, се што е потребно е доверба во тренерот а најмногу во самиот себе. Ти благодарам Ице за прекрасната грижа за твоите клиенти!