Благодарна сум што постои човек со соодветно знаење од областа исхраната и вежбањето и што со помош на неговата програма, со советите, следењето и мотивацијата, ми помогна да дојдам до целта што ја посакував.
Сега имам енергија да ги завршам сите активности во денот со две мали дечиња, што не беше случај порано.

Дали беше лесно?
Не, воопшто не беше лесно, иако имав малку килограми за намалување…

Што би сменила во програмата?
Искрено посакував мерките да можат да се праќаат во среда, бидејќи во работни денови бев дисциплинирана, а за викендите се случуваше по некое измрдување – луѓе сме 😁

Зошто да се пријавиш и да направиш промена?
Забележуваш дека стариот начин на живот (исхрана и вежбање/неактивност) ти создава повеќе проблеми со здравјето отколку благосостојба, тогаш ова е тоа што ти треба… И да, крвниот притисок, шеќерот во крвта, нередовните и болни циклуси не се паднати од небо и имаат директна врска со начинот на живот… се надевам дека мојата промена ќе допре барем до еден човек и ќе го мотивирам да направи промена до подобар и поквалитетен живот.
Свесноста за начинот на живот мора да се промени за наше добро и доброто на идните генерации. ❤️

Strong Testimonials form submission spinner.

Required

What is your full name?
What is your email address?
A headline for your testimonial.
What do you think about us?
rating fields