Долго време бев скептична пред да ја започнам мојата соработка со Ице, бидејќи сликите кои ги гледав од неговите клиенти ми беа нереални. Но сега, после еден месец соработка со него, гледам дека не е така и изненадена сум од промените кои ги забележав кај мене за само еден месец. Неговата посветеност,знаење и мотивација допринесоа да ги постигнам посакуваните промени и да бидам истрајна. Доколку сакате да го смените својот начин на исхрана и да започнете да живеете и да се храните здраво, Ице е вистинскиот избор за Вас.