Од 107 кг до 87 кг – патување кое ме научи дека грижата за себе е највредната инвестиција што можеме да ја направиме!
Секој изгубен килограм беше победа за мене!
На почетокот, тежината не беше само број на вагата – таа влијаеше на се!
Чувството на постојан замор беше секојдневие – немав енергија за најосновните активности, и сè се чувствуваше како напор. Поради тежината, многу од активностите што порано ми беа лесни, како качување по скали или подолги прошетки, станаа вистински предизвик. Освен тоа, знаев дека прекумерната тежина значи и зголемен ризик за срцеви болести, висок притисок и дијабетес, што постојано ме загрижуваше. Проблемите не беа само физички – и квалитетот на сонот ми беше нарушен, имав чувство дека никогаш не сум доволно одморен.
Сега, на 87 кг, дишам полесно!
Имам повеќе енергија за сè што сакам да правам, и сфаќам колку е важно да го негуваме телото. Крвниот притисок ми се стабилизираше во целост, сонот ми е подобар, а и самодовербата расте со секој ден.
Со текот на времето стекнав и здрави навики кои го поддржуваат ова ново поглавје. Животот сега генерално го живеам поздраво – станувам рано наутро, легнувам навечер порано и активен сум во текот на денот. Имам поголема физичка подготвеност и издржливост. Сето ова донесе и подобар изглед, нешто што го чувствувам секојдневно – посигурен во својата кожа и спремен за секој предизвик.
Со редовното вежбање постигнав и голема психичка растеретеност, а нивото на стрес е значително намалено.
Не беше леснк, но беше апсолутно вредно! Секој ден се брои, секој мал чекор води до големи промени.
Ивица Јанев – мојот ментор! Тој беше тука за секој чекор на патот – неговите пофални зборови и охрабрување ме тераа да продолжам дури и кога беше тешко. Тој постојано беше фокусиран на тоа како можам да го извлечам најдоброто од себе, како во фитнес, така и во исхраната. Чувството дека имам некој што верува во мене направи огромна разлика и ме мотивираше да го дадам својот максимум.
Планот за исхрана е одличен – рецептите не само што се здрави, туку и исклучително вкусни! Некои од нив толку ми се допаднаа што ќе ги практикувам цел живот. Слабеењето и чувството на ситост можат да изгледаат како невозможна комбинација, но тоа е сосема можно со правилен пристап кон исхраната. Клучот е во изборот на храната што ја консумираме. А клучот го има Ивица!
Вежбите беа специјално составени за мене и за моите потреби, што направи секој тренинг да биде уникатно искуство. По секоја вежба се чувствував сè подобро и поенергично.
Ивица, ти благодарам што веруваш во мене и што ми помогна да станам подобра верзија од себе!